Sunday, December 28, 2014

Глобализација



Глобализација е термин кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена.
Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драстично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните и негативните страни.
 Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“.Слободниот проток на стоки и капитал значи поголем избор за потрошувачите, повисоки животни стандарди и развој на економиите. Зголемениот обем на информации и нивната рамена доведува до поголемо разбирање на туѓите култури и до развој на вистинско мултикултурно глобално општество.

 Учеството на најсиромашните земји во светскиот доход во последната деценија според истражувањата се намали од 2.3% на 1,4% како последица на експанзијата на глобализацискиот тренд. Дури и во развиените земји глобализацијата доведува до несигурност на работните места бидејќи поголемата мобилност на капиталот значи и негово лесно префрлање во подрачја каде цената на трудот е помала.
Други критики на сметка на глобализацијата редовно испраќаат и еколозите кои велат дека корпорациите во нивната трка по профит и доминација на глобализираниот пазар ретко водат сметка за животната средина.

"Глобализацијата и незадоволството од неа" - прави разлика помеѓу корисната и штената глобализација. Своите полемики пред се ги врзува за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и фактот дека државите кои не се придржуваат до нивните директиви успејаа да ги почувствуваат бенефитите и позитивниот ефект од процесот наречен глобализација. За разлика од нив, помалку развиените земји, меѓу кои спаѓа и нашава сеуште се мачат во калот кој ММФ и Светската банка го направија форсирајѓи ги интересите на својот најголем акционер - Америка.




No comments:

Post a Comment