Monday, January 5, 2015

Раслојување и општествена нееднаквост

Општественото раслојување претставува хиерархиско подредување на индивидуални лица во општествени класи, касти и поделбите во рамките на едно општество. Во модерните западни општества, раслојувањето традиционално се однесува на културните и економските класи кои се состојат од три основни слоеви: висока класа, средна класа и ниска класа, но секоја од овие класи може дополнително да се подели на помали класи (на пример, според занимањето). Општествената стратификација се толкува на радикално различни начини во рамките на социологијата. Пропагаторите на структуралниот функционализам инсистираат дека, со оглед на тоа што раслојувањето во класи и касти е очигледно во сите општества, хиерархијата мора да е корисна за стабилизирање на нивното постоење. Застапниците на теоријата на конфликти, спротивно на првиве, ја критикуваат недостапноста на ресурсите и недостигот на општествена мобилност во раслоените општества.

Карл Маркс ги делел општествените класи според нивната поврзаност со средствата за производство во капиталистичкиот систем: буржуазијата ги поседува средствата, но тоа фактички го вклучува и пролетерјатот, бидејќи работниците можат само да го продадат својот труд (со што ја создаваат материјалната основа за културна суперструктура). Макс Вебер го критикувал Марксистичкиот економски детерминизам, полемизирајќи дека општественото раслојување не се заснова само врз економските нееднаквосит, туку врз други диференцијали кои се засноваат врз статус и моќ (на примнер, патријархатот).

Според Вебер, раслојувањето може да се јави помеѓу најмалку три сложени варијабли: (1) Сопственост (класа), (2) Престижност (статус) и (3) Моќ (политичка партија). Пјер Бордо дава модерен пример во концептите на културниот и симболичкиот капитал. Теоретичарите како на пример Ралф Дарендорф ја потенцираат тенденцијата кон зголемување на средната класа во модерните западни општества, особено во однос на неопходноста од образована работна сила во технолошки или сервисни економии. Перспективите во однос на глобализацијата, како што се теоријата на зависност, укажуваат дека овој ефект се должи на промената на работниците во Третиот Свет.