Sunday, December 28, 2014

Феминизам

Феминизам е хетероген поим од социјални теории, политички движења и морална философија што се занимаваат со културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на жените во однос на мажите. Додека генерално даваат критика на општествените односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на анализа на половите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
Феминистичката теорија се стреми да ја разбере природата на половата нееднаквост и се фокусира на половата политика, односите на моќ и сексуалност.Феминистичкиот политички активизам се бори за теми како репродуктивни права, семејно насилство, мајчинско ослободување, еднакви плати, сексуално малтретирање,дискриминација и сексуално насилство.
Темите што ги истражува феминизмот  вклучуваат стереотип, опресија и патријархат.
Модерната феминистичка теорија се критикува како предоминантно, но не и ексклузивно, поврзана со западните научни кругови. Феминистичкиот активизам, како и да е, е движење што потекнува од масите и бара надминување на границите втемелени врз социјална класа, раса, култура и религија. Ова движење е специфично за секоја одделна култура и се осврнува на теми значајни за жените во тоа општество: на пример, женско обрежување во Судан, или стаклен таван во економиите во развој. Некои теми, како силувањето, инцестот и мајчинството, се универзални.
















Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

Глобализација



Глобализација е термин кој се користи за да ги опише промените во општествата и светската економија како резултат на драматично зголемената трговија и културна размена.
Во специфично економски контекст се однесува речиси исклучиво на ефектите на трговската либерализација, односно слободната трговија. Помеѓу 1910 и 1950, по серија на политички и економски проблеми и колапси значењето и интензитетот на трговската размена беа сведени на минимум. Во поствоениот период на Втората светска војна, светската економија зајакна и драстично се зголеми, и сето тоа со помош на меѓународни економски институции и програми. Во периодот на 70-тите години ефектите на оваа размена станаа се повеќе видливи, односно се забележуваа и позитивните и негативните страни.
 Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) ја дефинира глобализацијата како „растечка економска меѓузависност на држави ширум светот преку зголемен број и начини на прекугранична транскација на стоки и служби, послободен интернационален економски проток и побрза и поширока дифузија на технологијата“.Слободниот проток на стоки и капитал значи поголем избор за потрошувачите, повисоки животни стандарди и развој на економиите. Зголемениот обем на информации и нивната рамена доведува до поголемо разбирање на туѓите култури и до развој на вистинско мултикултурно глобално општество.

 Учеството на најсиромашните земји во светскиот доход во последната деценија според истражувањата се намали од 2.3% на 1,4% како последица на експанзијата на глобализацискиот тренд. Дури и во развиените земји глобализацијата доведува до несигурност на работните места бидејќи поголемата мобилност на капиталот значи и негово лесно префрлање во подрачја каде цената на трудот е помала.
Други критики на сметка на глобализацијата редовно испраќаат и еколозите кои велат дека корпорациите во нивната трка по профит и доминација на глобализираниот пазар ретко водат сметка за животната средина.

"Глобализацијата и незадоволството од неа" - прави разлика помеѓу корисната и штената глобализација. Своите полемики пред се ги врзува за Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и фактот дека државите кои не се придржуваат до нивните директиви успејаа да ги почувствуваат бенефитите и позитивниот ефект од процесот наречен глобализација. За разлика од нив, помалку развиените земји, меѓу кои спаѓа и нашава сеуште се мачат во калот кој ММФ и Светската банка го направија форсирајѓи ги интересите на својот најголем акционер - Америка.




Основачи на социологијата

Социолошкото занимавање и проучување на човекот и неговата заедница потекнуваат од дамнешни времиња. Античките грчки и римски мислители Сократ, Аристотел, Платон, Херодот, Тукидит, Кикерон и Ливиј, но и кинескиот филозоф Конфучиј, како и арапскиот Ибн Калдун, многу придонеле за затемелување на знаењата за човековата заедница и општеството.
Кон крајот на 18-тиот, и половината на 19-тиот век, сѐ повеќе се нагласува потребата од создавање на посебна наука, која за свој предмет на проучување ќе го има општеството, неговата структура и развој. на голем број универзитети се држат предавања од предмети кои добиваат најразлични имиња, морална филозофија, социјална физика, социјална механика, социјална физиологија. Сите се обидуваат да го претстават општеството како природен феномен за кој важат слични закони како законите на природата.
Тоа значи дека развојот на науката за општеството во овој период е во близок однос со развојот на природните наукиЗа основачи се сметаат: 



Карл Маркс 
Огист Конт






Емил Диркем 
 Макс Вебер