Monday, January 5, 2015

Раслојување и општествена нееднаквост

Општественото раслојување претставува хиерархиско подредување на индивидуални лица во општествени класи, касти и поделбите во рамките на едно општество. Во модерните западни општества, раслојувањето традиционално се однесува на културните и економските класи кои се состојат од три основни слоеви: висока класа, средна класа и ниска класа, но секоја од овие класи може дополнително да се подели на помали класи (на пример, според занимањето). Општествената стратификација се толкува на радикално различни начини во рамките на социологијата. Пропагаторите на структуралниот функционализам инсистираат дека, со оглед на тоа што раслојувањето во класи и касти е очигледно во сите општества, хиерархијата мора да е корисна за стабилизирање на нивното постоење. Застапниците на теоријата на конфликти, спротивно на првиве, ја критикуваат недостапноста на ресурсите и недостигот на општествена мобилност во раслоените општества.

Карл Маркс ги делел општествените класи според нивната поврзаност со средствата за производство во капиталистичкиот систем: буржуазијата ги поседува средствата, но тоа фактички го вклучува и пролетерјатот, бидејќи работниците можат само да го продадат својот труд (со што ја создаваат материјалната основа за културна суперструктура). Макс Вебер го критикувал Марксистичкиот економски детерминизам, полемизирајќи дека општественото раслојување не се заснова само врз економските нееднаквосит, туку врз други диференцијали кои се засноваат врз статус и моќ (на примнер, патријархатот).

Според Вебер, раслојувањето може да се јави помеѓу најмалку три сложени варијабли: (1) Сопственост (класа), (2) Престижност (статус) и (3) Моќ (политичка партија). Пјер Бордо дава модерен пример во концептите на културниот и симболичкиот капитал. Теоретичарите како на пример Ралф Дарендорф ја потенцираат тенденцијата кон зголемување на средната класа во модерните западни општества, особено во однос на неопходноста од образована работна сила во технолошки или сервисни економии. Перспективите во однос на глобализацијата, како што се теоријата на зависност, укажуваат дека овој ефект се должи на промената на работниците во Третиот Свет.

Разликите и општествените нееднаквости се објаснуваат преку три основни начини:

1. Преку Божјата воља – според првото објаснување, значи преку Божјата волја, разликите и општествените нееднаквости не беа случајни, него беа направени со Божјата волја и заповед. Ова се подпира врз фактот дека дури и во светите книги на големите светски религии како христијанството, исламот, будизмот, Бог одделува некои луѓе и привилегира давајќи им одредени овластувања и надчовечки сили. Такви беа пророците Мојсеј, Соломон, Авраам, Исус Христос, Мухамед, кои според нивната верска доктрина, можат да лекуваат дури и неизлечиви болести, да го оделат морето со еден заповед, да ја претворат водата во вино или да го оживеат мртвиот. Со овие “свети” објаснувања се оправдува дискриминацијата и човечката нееднаквост, каде што секој човек треба да се согласи со својот статус, статус на роб, слуга или сопственик.
Покасно со развојот на филозофијата и науката ова убедување се соочува со тешки критики од страна на филозофите и научниците на времето, кои иронично се подсмеваат на нивните оправдувања за човечката дискиминација и општествената нееднаквост. 

2. Преку вродените природни разлики – ваквиот вид на социјална диференцијација се објаснува со природните разлики на луѓето, но не се разликува од првото објаснување затоа што не е позната вистинската причина на сите општествени нееднаквости. Според ова објаснување луѓето од моментот на нивното раѓање поседуваат различни индивидуални карактеристики, кои нив ги прават различни и во нивниот општествен живот. Вакви карактеристики се интелигенцијата, снаодливоста, генијалноста, духовитоста, благородноста, талентот, ревноста идр. Апологетите на ваквиот став мислат дека разликите во општеството се природни, нив ги ствара природата, така што сите луѓе не ги поседуваат горенаведените карактеристики. Некои луѓе се поинтелигентни, поснаодливи во животот или талентирани за секаков вид на работа, додека другите не ги поседуваат овие карактеристики. Со ова доаѓа до една општествена состојба каде што снаодливите и талентираните владеат, додека останатите им служат. 

3. Преку општествената поделба на трудот – покасно кога филозофијата и социологијата ја достигнуваат нивната зрелост за ова прашање, доаѓа до појава на трето објаснување, кои всушност подразбира научно мислење за социјалната диференцијација. Според ова мислење, ниту Божјата сила ниту природните разлики меѓу луѓето не се причина за социјалната диференцијација, но вистинскиот виновник е самото општество. Науката конечно сфати дека сите разлики и општествени нееднаквости, се формираат како резултат на општествената поделба на трудот. Сега е јасно дека главниот виновник за сите форми на социјална диференцијација е општествената поделба на трудот. Во моментот кога луѓето почнуваат да ја делат својата работа така што некои работаат физича работа додека другите ментална, човештвото се соочи со феноменот на разлики и општествени нееднаквости. Во овој случај, некои луѓе почнаа да работат повеќе вредни работи, да заработуваат повеќе пари, да градат престиж, да поседуваат општествена сила, дедека останатите остануваат без овие вредности. Ова доведе до зголемување на разликите и општествените нееднаквости, кој како што знаеме предизвика раѓање на класите, кастите, сталежите и слоевите. 

Класи – класите се групираат врз основа на некои заеднички карактеристики а класната позиција се определува врз основа на распределбата на материјалните и духовните добра, влијанитето на угледот. Класите се големи опшествени групи кои настануваат врз основа на економската нееднаквост на луѓето. Постоењето на класите било воочено уште со нивното настанување, но нивната суштина и природа биле различно толкувани, а различно се толкуваат и денес. Дури и самиот поим за класите различно се определува. Многу социолози денес кога зборуваат за класите мислат, всушност на општествените слоеви. 
Според професорот Сунај класите претставуваат општествени парцијални групи, кои се појавуваат како резултат на појавата на приватната сопственост и економската нееднаковст помеѓу луѓето. 
Класниот сосотав значи пласман на поединците според ниванта економска положба во општеството, дека рангирањето може да се менува во согласност со промените на економскиот статус. Нееднаквата распределба на социјалните добра, моќта, богатството и престижот е постојан услов за класната разлика во општеството. 
Според марксистичката теорија, класите настануваат во процесот на распаѓањето на првобитната човекова заедница, на преминот кон робовладетелските општествени односи. Тоа значи дека класите се историска појава и дека тие не постоеле отсекогаш. Во првобитното општество неразвиеноста на производните сили, постојаната и неизвесната борба за опстанок, не можеле да создадат поголеми разлики меѓу луѓето. Се произведувало толку колку што било можно за да бидат задоволени најосновните човекови потреби. Со појавата на вишокот од производи што било резултат на постепеното усовршување на средствата за производство и на првите големи општествени поделби на трудот (земјоделство, занаетчиство и трговија) се создале објективни претпоставки за појавата на приватната сопственост, а со тоа и на класите. 
И во современата социологија, при определувањето на поимот и суштината на класите, не може да бидат одминати определбите што ги дале класиците на марксизмот.
Така, Маркс пишувајќи за разните групи во општеството, класите ќе ги определи на следниов начин: “Доколку милиони семејства живеат под економските услови за егзистенција и нивниот начин на живот, нивните интереси и нивното образование ги одделуваат од начинот на живот, интересите и образованието на другите класи и ним непријателски им ги противставуваат, доколку тие сочинуваат класа”. Значи, станува збор за такви општествени белези на луѓето што доведуваат до тоа тие да се разликуваат по начинот на живот, по интересите и по образованието. Според таквите белези тие и припаѓаат на една или друга класа. 
Според Ленин класите се големи групи на луѓе кои во општеството меѓусебно се разликуваат според:
а) Своето место во историски определениот начин на производство, што значи дека класи се само групите што се носители на определени производствени односи, а не и разните други групи во општеството.
б) Својот однос кон средствата за производство, а кој однос во општеството, најчесто е законски утврден, и според кој луѓето се делат на сопственици и несопственици.
в) Својата улога во општествената организација на трудот која луѓето ги дели на организатори и управувачи, од една страна и извршители во процесот на трудот од друга страна. 
г) Начинот на стекнувањето и големината на делот од општественото богатство со кој тие располагаат, при што сопствениците на материјалните блага го присвојуваат поголемиот дел.
За класите зборуваат и други социолози како што се Јозеф Шумпетер, Ралф Дарендорф, Жорж Гурвич и други. Сите тие нивното постоење го објаснуваат со различни причини. Како позначајно меѓутоа се издвојува сваќањето за класите на познатиот германски социолог Макс Вебер кој постоењето на класите го објаснува со различната положба што поединците ја имаат на пазарот, а со тоа и со разликите што се јавуваат меѓу нив во располагањето со материјалните богатства. Меѓутоа за Вебер положбата за поединецот во општеството па според тоа и неговата класна положба е резултат и на поседувањето определена моќ и углед во општеството. Значи според него поседувањето материјални богатства не е единствениот услов за класната поделба во општеството, со што тој ги удира и основите на таканаречената теорија на социјалната стратификација. 

Касти – Кастите се главно поврзани со културите на индискиот подконтинент. Доаѓа од португалскиот што значи раса или чисто потекло. Секоја општествена формација на класното општество се карактеризира со свои специфични облици на класна поделба. Така на пример, за почетоците на класното општество е карактеристично постоењето на кастите, а за феудалниот период на сталежите. Системот на касти е форма на социјална стратификација во која кастите се организирани строго хиерархиски и се разделени меѓу себе едни од други со правила на “верска чистотија”. Во овој хиерархиски систем секоја повисока каста е релативно почиста во верските ритуали од пониската каста. Овие групи се јасно разграничени помеѓу себе со статусна хиерархија во која “чистото” е супериорно над “нечистото” како во однос на верските ритуали така и во однос на поделбата на трудот. Кастите кои што се среќаваат во стариот Египет, во Персија, на Далечниот Исток, а особено во Индија, биле строго затворени општествени групи кои настанале врз основа на строгата поделба на трудот на одделни занимања – едни се занимавале само со религиозни и управувачки функции, други – со војнички занимања, а трети – со производство, занаетчиство и трговија. Односите меѓу припадниците на кастите биле регулирани со посебни религиозни норми, додека припадноста кон определена каста се стекнувала со самото раѓање. Кастите се затворени социјални групи, бидејќи преминот од една во друга каста е невозможен. 

Сталежи – општествен слој на кој му се припишани специфични права и должности, поддржани со силата на правната санкција. Најтипични примери се селаните, слугите свештенството и благородниците во постфеудалните држави на континентална Европа. За разлика од кастите кои беа општествено затворени групи, сталежите претставуваат малку поотворени општествени групи. Така, додека движењето од една каста во друга не е возможно, движење од еден сталеж во друг може да се деси, но многу ретко. За разлика од кастите, средновековните сталежи се одржувале со посебни правни правила, при што припадноста кон нив се стекнувала со раѓањето, и со наследувањето на имотните и другите права. Меѓутоа постоела можност сталешкиот статус да се стекне и на друг начин, со што сралежите се јавуваат како поотворени општествени групи. Такви сталежи биле, световното и црковното благородништво, третиот сталеж на граѓанството и сл. 
Сталежите во средновековното Европско општество беа специфични издвоени групи кои извршуваа определени општествени задачи што произлегуваа од нивната оспособеност за определени професии. Тие имаа три значани карактеристики. 
- Прво тие беа дефинирани со закон, секој сталеж имаше свој статус во општеството, прецизиран законски комплекс од права и должности, или привилегии и обврски.
- Второ, тие ја презентираа широката поделба на трудот и имаа дефинирани функции.
- Трето, феудалните сталежи беа политички групи кои поседуваа определена политичка моќ. 
И покрај ваквите надворешни белези, кастите и сталежите го имаат својот корен во класната поделеност на општеството. Дури во капитализмот, каде што сите граѓани се изедначени во поглед на своите формални права, класите се јавуваат во својот чист вид, како класи.

Слоеви – Со поразвиената поделба на трудот, а со тоа и на дејностите, што поединците и групите ги вршат во современото општество, различните функции и улоги што ги имаат, условуваат и различни положби што тие ги заземаат во општеството. Како резултат на тоа, се се побројни и поразновидни разликите во нивниот материјален статус, начин на живот образование и култура во поседувањето политичка и друга моќ и сл. Таквите белези што ги поседуваат поединците овозможуваат и разликување на такви општествени групи кои денес се нарекуваат слоеви. Оттука се истакнува дека слојот е таква општествена група што ја сочинуваат поединци со слични општествени белези, а со тоа и со слична положба во општеството. Според тоа слоевите се делови од општеството кои се разликуваат меѓусебно според статусните белези и различните општествени положби што ги заземаат во него, а кои ги одвојуваат еден од друг. Во таа смисла во современото општество се јавуваат повеќе слоеви, слој на големосопственици, слој на ситносопственици, слој на државни и административни работници, слој на интелигенција, слој на ситни и крупни земјопоседници исл. Инаку, слоевите се, отворени општествени групи и поединецот со промената на статусните белези и општествената положба може да премине од еден во друг слој. Тоа преминување се нарекува меѓуслојна подвижност.

Нееднаквост низ историјата

1.Првата форма на социјалната нееднаковст се појавува во робовладетелскиот систем, каде што ропството е клучниот елемент кој ја идентификува социјалната нееднаквост таму. Иако во робовладетелското општество робовите се во поголем број, тие секогаш биле во служба на аристократските сопственици. Значи карактеристика на ропството е постоењето на рабовите, како и нивното приватно поседување од робовладетелите. Тоа е бездушен систем во кој еден човек поседува друг човек како своја приватна и неприкосновена сопственост. Робот без разлика дали тоа станал по своето раѓање или по пат на закон го губи потполно својот човечки идентитет и дигнитет и се третира како обично суштество кое од другите предмети во објективна стварност се разликува само по тоа што умее да зборува. Продажбата на робовите била нормална појава, како што е појавата на живата стока.
Ропството е екстремна форма на нееднаквост во која некои поединци ги поседуваат другите како нивен имот. Законските услови за сопственост на робовите беа различни во различни општества. Понекогаш робовите беа лишени речиси од сите законски права, а во некои држави неговата позиција е слична со онаа на останатите.
Во историјата на човештвото познати се три главни видови на ропство и тоа, традициоално ропство, античко ропство и источно ропство. 
-Традиционалното ропство е таков вид на ропство каде што робовите живеат традиционално со другите членови на семејството. Тие служат како работна сила за да се обезбеди егзистенцијата на целото семејство. Робовите на овој период ги извршуваат сите физички работи потребни за опстанок на заедницата, почнувајќи од обработка на земјиштето, одгледување на добитокот, до обезбедување на водата и одржувањето на хигијената во домаќинствата.
Античкото ропство е состојба на каде што робот е во целосна сопственост на неговиот сопственик. Во овој период робовите се сметаа како еден вид на орудие за работа, но тие имаа душа, па Аристотел робовите ги нарекува “алатки кои зборуваат”. Сопственикот може својот роб да го продаде, да го убије кога сака и каде сака. Важно е дасе знае дека во Античка Грција и во Рим, ропството се добива на два начина, со самото раѓање и со закон. Робови од раѓање стануваат оние чии родители се робови, а роб со закон се станува кога некој е фатен или неможе да ги врати позајмените пари. 
Источно ропство претставува вид на ропство кој се наоѓа во источниот дел на цивилизациите како што се Месопотамија, Египет, Персија идр. Тука робовите не се сопственост на поединец или на едно семејство туку се во сопственост на државата. Овие државни робови беа третирани како вид на “државна машина” со кои што ги спроведуваа општите национални интереси. 

2. Феудалните слоеви се дел од европскиот феудализам, но исто така постоелево многу традиционални цивилизации. Тие се состијат од слоеви со различни права и обврски еден кон друг, а некои од нив биле санкционирани со закон. Во Европа највисокиот слој се состоеше од аристократијата и благородништвото. Свештенството формира уште еден слој, кој имаше понизок статус, но поседуваше многу привилегии.оние кои припаѓаа на овој слој, кој се нарекуваше третиот слој, се обичните луѓе, земјоделците, робовите, слободните селани, трговците и занаетчиите. За разлика од кастите, помеѓу слоевите дозволени се до одреден степен браковите и индивидуалната мобилност. Во феудалниот систем слугите не се сметаа како приватна сопственост на нивниот владател како што беше случајот со робовладетелството. Феудалците тука немаат право да го убијат робот, но го задржуваат правото да го продадат заедно со земјата. Робот во феудализмот не е сосема слободна личност, и неговата судбина е поврзана за феудалецот и за земјата на која што работи. Со текот на времето некои робови почнаа да изнајмуваат земја од феудалците, поради што се принудени да плаќаат данок за земјата. Овој долг кон феудалните сопственици може да се врати на три начина: изнајмување за пари, изнајмување за работа и изнајмување за стока. Во изнајмувањето за пари, робот му плаќа голема сума на пари на феудалецот за земјиштето. Со изнајмувањето за работа се подразбира физичка работа на робот за одредени потреби на феудалецот. Изнајмување во стока значи давање на одреден дел од стоката на феудалецот.

3. Во капиталистичкиот систем капиталистите го промовираат системот на граѓанските права, според кои сите луѓе беа еднакви пред законот. Но сепак и тука постои некаков вид на нееднаквост. Во капиталистичкиот систем, работникот е слободен да ја продаде својата работна сила када сака, на кого сака и колку сака. Денес состојбата на работниците во светот е сменета, затоа што се промениле и општествените односи во капитализмот. Денес состојбата на работничката класа во капиталистичкото општество, не е мизерна како порано. Напротив, состојбата на пролетаријатот се обновува , затоа што масовно се образува организирајќи се преку синдикати, здруженија, политички партии идр. 
Во модерните општества на високоразвиените земји овој тренд во денешното време продолжува со воведување во производната игра на современи средства за работа кои го менуваат карактерот на трудот и на искористувањето на физичката и умствена работна сила на човекот (доминација на умствениот, а не на физичкиот труд, автоматизација и комјутеризација на производниот процес), порамномерно распределување на општественото богатство преку различни форми, како и поголеми можности за социјална мобилност на населението. Луѓето се повеќе се нееднакви меѓу себе според своите лични умствени и работни квалитети, а се помалку според големината на богатството и имотот.


Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

1 comment:

  1. Силно би го препорачал заемот на г-дин Педро на секое лице на кое му е потребна финансиска помош и тие ќе ве држат на врвот на високите директориуми за какви било дополнителни потреби. Уште еднаш се пофалувам себе си и вашиот персонал за извонредната услуга и услуги за клиентите, бидејќи ова е голема предност за вашата компанија и пријатно искуство за заемопримачите како што сум јас. Ви посакуваме се најдобро во иднината. Господине, Педро е најдобриот начин да се добие лесен заем, тука е нивната е-пошта..   pedroloanss@gmail.com
    Ти благодарам што ми помогна со заемот уште еднаш во моето искрено срце, засекогаш сум благодарен.
    Можете да го контактирате г-дин Педро Џером за следната финансиска помош, како што се заем за дом, заем за автомобил, деловен заем, личен заем, заем за трговци, заем за SBA.

    ReplyDelete